Apple смисли генијален трик со кој батеријата од вашиот iPhone ќе трае подолго


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новата надоградба на Apple треба да обезбеди подолготрајна батерија на вашиот iPhone, пишува британски The Sun.

Имајќи во предвид дека кај „смартфоните“ батериите со време го губат својот капацитет, луѓето се наоѓаат во ситуација да се принудени да ги полнат телефоните и по неколку пати дневно. Во Apple проценија дека после две години користење, батеријата на нивните iPhone модели задржува осумдесет отсто од полнењето во споредба со состојбата кога телефонот бил нов.

Еден начин за зачувување на капацитетот на батеријата е да го избегнувате кога истата ќе се наполни 100% после тоа да го оставате телефонот на полнач. Тоа повеќето луѓе го прават секој ден, ако ги полнат мобилните ноќе, бидејќи нормално, нема некој среде ноќ да станува да го вади мобилниот од полнач.

Во тој контекст, Apple со новата надоградба вклучува додаток кој го оптимизира полнењето на батеријата.

Како што објаснуваат од технолошкиот гигант, новата опција го забавува стареењето на батеријата така што го скратува времето кое е потребно истата да се наполни до максимум.

„iPhone ќе почне да ја памти вашата дневна рутина, па во моментот кога батеријата ќе се наполни 80%, запира со полнење и остатокот од 20% ќе се дополни пред вашиот мобилен да биде подготвен за користење и да го исклучите од полнач“, пренесуваат од Apple.

Тоа во принцип значи дека вашиот iPhone ќе ја запамти вашата генерална дневна рутина и ќе го контролира полнењето на батеријата во склад со истата. Пример, ако секое утро околу 7 часот го вадите телефонот од полнење, вашиот iPhone во текот на ноќта ќе ја наполни батеријата до 80% и ќе го прекине полнењето. Последните 20% од полнењето ќе ги направи нешто пред 7 часот, за да не се случи вашиот „смартфон“ да остане долго време на полнач со полна батерија, што придонесува за побрзо опаѓање на капацитетот на истата

Е сега, тоа значи дека ако поради некоја причина станете во 4 ноќеска, вашиот мобилен нема да биде 100% полн. Но, тоа барем ќе го продолжи векот на батеријата од вашиот телефон.

Оваа надоградба официјално стигнува во септември, но уште сега можете да ја симните во „бета“ верзија.