Apple „се нацрта“ 500 милиони долари за даночен борч во Франција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светскиот технолошки гигант со американска адреса, Apple, постигна договор со властите во Франција за исплаќање на десетгодишниот даночен долг кој компанијата го има таму.

Apple, според француските медиуми, платила речиси 500 милиони евра долг, согласно доверливиот договор постигнат во декември. Во Apple за француските медиуми не сакале да го потврдат износот, но велат дека е точен оној што веќе е наведен. Француските власти не го коментираат исплаќањето на десетгодишниот долг со образложение дека даночните податоци се тајна.

Според медиумите, договорот е постигнат по повеќемесечни опреговори во однос на скромните приходи што ги пријавувал Apple во Франција и покрај големата побарувачка на нивните производи.

Француските власти се повикале на податоците во другите европски земји. Така, во Европа американскиот гигант минатата година остварил приход од 47,7 милијарди евра, за разлика од 2008 кога имал приход од 6,6 милијарди.