Apple се извини на корисниците и воведува новина: Погледнете која компонента ќе биде поевтина

Apple

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Довербата на корисниците нам ни значи најмногу, нема да престаниме да работиме на тоа.“ Откако се пожалаа многу корисници на своите стари iPhone уреди, Apple јавно се извини.

Батериите се потрошен материјал, еве кои фактори влијаат на тоа

„Се извинуваме. Околу ова прашање се појави големо недоразбирање, па сакаме да ги искажеме некои промени кои ги спремаме“, соопштија од Apple.

Многу корисници сметаат дека од компанијата намерно ги успоруваат уредите, со цел да се продаваат новите. Од компанијата пак тврдат дека никогаш нема ни да помислат на тој потег, затоа што тие прават напори за што подобро коринсничко искуство. Вистина е дека нивната цел е да направат производи кои корисниците ќе ги сакаат.

Батериите поседуваат одредени хемиски карактеристики, и тоа е недостаток на сите литиум-јонски батерии во индустријата. Па тоа може да доведе до ненадејно исклучување на вашиот телефон, објаснуваат од Apple.

Ажурирање на софтверот

Тие додаваат дека нагло и неочекувано гаснење на поддршката за постарите уреди нема да се се случи. Пред 2 години компанијата во iOS 10.2.1 овозможи надоградба на софтверот кој ја подобрува манипулацијата со енергијата во текот на работењето на уредот. Иако ваквите промени за корисниците се можеби неприметни, сепак придобивките не се занемарливи. Додаваат дека корисниците се задоволни од работата на новиот софтвер, и дека се отстранети некои грешки.

Исто така во изјавата на компанијата стои дека корисниците после промена на батеријата, перформансите на постарите уреди ќе се вратат на старото ниво. Односно нема да има никаков пад на процесорската моќ, која мораше да биде намалена поради тоа што уредите се исклучуваа.

Цените на заменските батерии ќе бидат знатно намалени

Apple тврди дека задоволството на корисниците им е секогаш на прво место, па одлучија да ги превземат следните потези.

Ќе ги намалат цените на заменските батерии и тоа за цели 50 долари. Па така цената на заменска батерија ќе биде 29 долари, наспроти сегашните 79 долари. Напоменато е дека оваа услуга ќе биде достапна секаде низ светот каде што има застапништво од оваа компанија. На почетокот на 2018 година од Apple најавуваат дека ќе има ново ажурирање на софтверот. И со тоа конечно ќе се решат сите багови, кои сега постојат. Со новиот софтвер ќе има и нов план за искористеност на енергијата и потрошувачката на уредот, тоа ќе донесе големи промени.

Корисниците за оваа компанија претставуваат сѐ, па така тие нема да ризикуваат со некои непромислени потези, и истакнаа дека ќе работат на тоа повеќе да нема вакви проблеми.