Apple предупредува: Коронавирусот ќе предизвика глобална криза за „ајфони“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Технолошкиот гигант „Apple“ упати предупредување дека е можна појава на глобална криза за „ајфони“ предизвикана од актуелната епидемија на коронавирус која ја тресе Кина, но и светот.

„Глобалното снабдување со iPhone ќе биде привремено ограничено, што влијае на светските приходи“, се вели во изјавата на компанијата објавена вчера.

„Apple“ произведува најголем дел од своите производи во Кина и заради епидемијата на коронавирусот се принудени привремено да затворат некои фабрики и продавници.

Фабриките на производителот на iPhone се наоѓаат надвор од провинцијата Хубеи, каде што избувна епидемијата, соопшти американската компанија, истакнувајќи дека производството е обновено во меѓувреме, но со побавно темпо од очекуваното.

Тие исто така признаваат дека побарувачката опаднала и во Кина.

„Сите наши продавници и многу продавници на нашите партнери во Кина се затворени, а оние што се отворени, работат кратко и со многу малку потрошувачи“, соопшти „Apple“.

„Постепено ги отвораме нашите продавници и ќе продолжиме да со тоа, водејќи најголема сметка за стабилноста и безбедноста“.

„Apple“, исто така, соопшти дека нема да генерира приход од 63 до 67 милијарди американски долари во првите три месеци од овој месец.

„Очекуваме дека нема да го исполниме планот за приходи во тримесечниот период што завршува кон крајот на март“, се вели во соопштението.