Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Технолошкиот гигант „Apple“ ја претстигна компанијата „Vivo“ во текот на октомври 2021 година и стана најголем произведувач на телефони на кинескиот пазар.
Со тоа компанијата од Купертино, по прв пат уште од декември 2015 година, ја зграбчи титулата за најголем бренд во Кина, според анализите на компанијата „Counterpoint Research”.
За ваквиот резултата на „Apple“ најмногу му помогнала продажбата на „iPhone 13“ телефоните, а продажбата на компанијата пораснала за 46% на месечно ниво.
Останатите произведувачи во текот на октомври забележаа пад на продажбата, а ова ги вклучува „Vivo“,„Oppo“ и „Huawei“.
Кинескиот пазар во голема мера е фокусиран на премиум телефоните, што му помогна на
„Apple“ да оствари подобри продажни резултати, а многу од корисниците го чекале 11.11 (Singles day) за да го купат новиот телефон.