Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Технолошката компанија Apple најави дека оваа есен ќе претстави четири нови паметни телефони со 5-G технологија и осовременување дизајнот на моделите Pro.
Според извори упатени во проблематиката, компанијата може да пушти само два топ-модела по претходно претставените „iPhone 11 Pro“ и „iPhone 11 Pro Max“. Дизајнот ќе биде сличен на „iPad Pro“ од 2018 година, со малку позаоблени агли. Се очекува да бидат претставени и два нискобуџетни модела, кои ќе го заменат „iPhone 11“.
Двата модела „Pro“ ќе бидат надградени со 3-D LiDAR системот, три камери на задната страна и голем екран.
Претставувањето на новите модели може да се случи неколку седмици подоцна од очекуваното.