Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Музичкиот сектор на американскиот технолошки гигант Apple, Apple Music, соопшти дека достигнале бројка од 48 милиони претплатници на сервисот за емитување на музика и видео спотови, со што е еден од главните конкуренти за доминација на музичкиот пазар.
Apple воедно соопшти дека Оливер Шусер, кој во изминатите 14 години држеше разни позиции низ компанијата, ќе биде потпретседател на компанијата задолжен за Apple Music.
Apple е во трка со Spotify за превласт на музичкиот пазар. Spotify има 71 милиони претплатници, од кои дел се само регистрирани со компанијата. Oд Apple Music, пак, соопштуваат дека од регистрираните 48 милиони претплатници, 40 милиони се активни, односно плаќаат за услугата.
Двете компании нудат претплата од 9 долари и 99 центи месечно.