Apple Maps – сериозна конкуренција за Google Maps


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Apple Maps е сериозна конкуренција за најдоминантиот „играч“ на денешницата во оваа сфера – Google Maps.

Apple неодамна претстави редизајнирани мапи од својот навигационен систем. Накратко, новите податоци во мапирањето на компанијата Apple се подетални, имаат точни податоци за пешаци и прецизни адреси.

Новата верзија на Apple Maps е достапна за сите во САД а во Европа би требало да стигне за неколку месеци, пишува „Daily Express“.

Apple Maps ќе добие и нови функции кои во септември се претставени во „iOS 13“ оперативниот систе.

Најистакнато е она што за сега се нарекува „разгледување“, кое се активира со избирање на иконата со двоглед. Во суштина тоа е нивна верзија од опцијата „Street view“ на Google Maps.

Ќе видиме дали Apple Maps ќе успе да ја престигне конкуренцијата кога ќе пристигне во Европа.

Секако дека„ iOS“ корисниците тогаш ќе имаат повеќе избор, па некои попрво ќе се одлучат за оваа апликација отколку за Google Maps.