Апликација кој служи за потпишување договор пред секс!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една холандска компнија ја креираше апликацијата LegalFling, која во принцип служи за службено потврдување на секс.

Како што стои во описот на апликацијата на нивната официјална страница, апликацијата им овозможува на корисниците да испратат барање за согласување на сексуален однос.

Освен што апликацијата може да бара службенасогласност, апликацијата може да ги утврди и правилата кои треба да се почитуваат за време на сексот.

Како што креаторите на апликацијата потврдија во разговор со медиумите, LegalFling креиран за да се заштитат сексуалните односи и тоа не само оние за една вечер, туку да се постават и правила во долгорочните врски.

Ако некоја ставка се прекрши, корисниците, ќе бидат на суд и ќе имаат можат да докажат што се случило. Наскоро оваа апликација треба да биде одобрена од страна на Гугл и Епл, па така ќе може да се инсталира.