Апелација пресуди за „Труст“: 4 години затвор за Кочан, 2 години условно за Авировиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скопска Апелација му ја намали казната на бизнисменот Сеад Кочан од 6 години затвор на 4 години и 8 месеци во предметот „Труст“, кој е под ингеренции на Специјалното јавно обвинителство.

Второобвинетиот во случајот, Василие Авировиќ, наместо три години ефективна казна затвор, каква што му беше првично досудена, доби две години условна казна.

Двајцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.