Апелација пресуди: Панделески и Камчев излегуваат од Шутка – за празниците во куќен притвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 27.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Камчев и Панделески“, пренесува Нова ТВ.

Апелациониот суд информира дека за двајцата е определен куќен притвор.

Извори во СЈО за НОВА потврдија дека за Орце Камчев, Цветан Панделевски и Сашо Мијалков, обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор.

Од СЈО велат дека сведоците се сослушани и со тоа престанува да важи опасноста за влијание врз сведоци, а со мерката домашен притвор ќе бидат физички обезбедни.

Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.

Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски.

„Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 27.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Камчев и Панделески.

Апелациониот суд информира дека за двајцата е определен куќен притвор.

Камчев и Панделески по неколку пати во денот ќе бидат проверувани дали се дома од надлежните полициски служби. Како што ни појаснија од СЈО, побарано е полицијата неколку пати во денот, ненајавено да вршат контроли, што е наведено и во решението на судот.