Апелација му ја одби жалбата – Боки останува во притвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скопска Апелација ја одби жалбата на Бојан Јовановски за притворот кој му беше досуден во рамки на случајот „Рекет“ како неоснована, со што беше потврдено првостепеното решение според кое Боки останува во притвор.

„Апелацискиот суд, по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот Б.Ј. доставена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е продолжена мерката притвор против обвинетиот, го потврди“, се вели во соопштението до Апелација, пренесува „360 Степени“.

Одлуката во целост ќе биде објавена веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

На јавната седница во Апелација на 23 јануари, адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, рече дека обвинетиот се наоѓа во притвор шест месеци, а е однесен на преглед 60 пати, што ја претвора мерката притвор во казна.

Адвокатот посочи и нов медицински извештај од 14 јануари 2020 година од супспецијалист, во која абдоменалниот хирург предлага операција веднаш и обвинетиот да се стави на строг хигиенско-диететски режим, со оглед на честите улкусни лезии.