Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Апелациониот суд го укина притворот на бившиот владин генерален секретар Мухамед Зекири и му го замени со домашен притвор.
Како дополнителна мерка на претпазливост на Зекири ќе му биде одземен и пасошот.
Зекири, повеќе од три недели не е во затворот Шутка туку е на лекување во скопската инфективна клиника. Неговата жалба е прифатена од Апелација.
Зекири како активен генерален секретар на владата на 9-ти април беше осомничен за злоупотреба, како што тврди обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поради склучување на незаконски договор за консултнатски договор со хрватска фирма.
Зекири даде оставка на функцијата, а судот му определи притвор.