Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Уредничката на телвизија Сител, Ивона Талевска останува без пасош, бидејќи Апелациониот суд ја одби нејзината жалба.
Пасошот на Талевска и беше одземен откако Кривичниот совет и одреди мерка на претпазливост по барање на Специјалното јавно обвинителство.
Иако Талевска на седницата се жалеше дека има потреба од патувања поради природата на нејзината работа како новинар и уредник, сепак судот смета дека Талевска може да избега ако не и биде земен пасошот.
Таа е обвинета за даночно затајување во случајот Тифани и има обврска еднаш месечно да се јавува во Суд.