Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Група американски научници се на добар пат до развој на апчиња кои ќе ги заменат вежбите, што би можело да ги смени животите на оние кои неможат да вежбаат поради екстремната дебелиња или физичкиот хендикеп.
Можноста за постоење на „апчиња за вежбање“ би можела да биде музика за ушите на оние кои сакаат да се излежуваат на каучот, за возачите на камиони на долги линии или админисративните работници со прекуврмеени работни часови. Сепак овие таблети пред се наменети е за лица кои поради физички хендикеп или дебелина не можат да вежбаат затоа што би требало да имаат исти ефекти како часови поминати во сала за вежбање.
Научниците од Институтот „Салк“ во Сан Диего објави резултати за ефектите од апчињата по повеќемесечното тестирање на глувци.
Благодарение на апчињата, глувците успеале 270 минути да трчаат на минијатурна движечка лента пред да го достигнат својот физички лимит. Пред апчињата тие можеле да трчаат 160 минути.
Освен што им се зајакнала издржливоста за 70 отсто, глувците кои користеле апчиња, за осум дена ја намалиле телесната тежина, а намалемп е и нивото на шеќерот во крвта.
Научниците предводени од Роналд Еванс открија дека апчињата кои ги нарекле ГВ1516 ја менуваат активноста на речиси илјада гени. Истовремено, тие го забрзуваат согорувањето на мастите и го забавува претворањето на шеќерот во енергијата.