Спорт

Антонио Ристовски не ја заврши трката во велеслалом

Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Нашиот скијач не успеа да ја заврши патеката, останувајќи без пласман на ова натпреварување.

Ристевски по првото мерно време имаше време од 17,94 секунди, што беше заостанување од 1,24 секунди од тогаш водечкиот скијач, меѓутоа нашиот скијач излета од патеката и не успеа да стигне до целта.

Во борбата за медали немаше изненадувања, најдобриот во светот Марсело Хиршер го освои златниот медал, втор беше Норвежанецот Хенрик Критофересен, на најниското место на пиедесталот застана Алексис Пантуро.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top