Антонио Гутереш: Епидемијата на коронавирусот е најголема глобална криза после Втората светска војна


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, апелираше дека пандемијата која моментално му се случува на светот е најголемата глобална криза од Втората светска војна. Тој предупреди дека пандемијата е закана за луѓето во секоја земја и ќе предизвика рецесија каква што немало во блиското минато.

Гутереш во вчерашното соопштение наведе дека постои ризик комбинацијата од болеста и нејзиното влијание врз економијата да придонесе на „нестабилност, поголеми немири и засилени конфликти“.

Тој повика на посилен и поефикасен глобален одговор на пандемијата и на социјалните и економските последици.

Истакна дека тоа ќе биде можно само ако сите се обединат и ги заборават политичките игри и ако сфатат дека „човештвото е нападнато“.

„Јачината на реагирањето мора да биде во согласност со обемот на кризата – опсежна, координирана и сеопфатна, а реакциите на земјите и меѓународните организации да ги предводи Светската здравствена организација (СЗО)“, кажа Гутереш, напоменувајќи дека некои земји не ги следат насоките на СЗО.

Тој најави и формирање фонд за одговор и опоравување од коронавирусот за поддршка на земјите со среден и низок БДП, со цел на тие влади да им се овозможи брзо да се изборат со кризата и да застант на нозе.