Антониа Гиговска го подзина жирито со изведбата на „Ако згрешам, нека изгорам“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антониа Гиговска со уште еден свој настап покажа и докажа дека располага со импресивни вокални квалитети. Овој пат тоа го направи на „Пинкове ѕвездице“ со изведбата на „Ако згрешам нека изгорам“, песната која во оригинал ја изведе Пепи Бафтировски, а ја препеа и дополнително ја прослави Каролина Гочева.

Жирото не престана да ја фали во текот на изведувањето на песната, а позитивните коментари не ги штедеше ни подоцна, кога официјално ја коментираа. Со пет гласа и сигурно учество во следниот круг, Антониа задоволна замина од сцената.