АНТОЛОГИСКА СЛИКА: Зидан го чека Иниеста со прегратка да му каже збогум!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на господски начин се прости од капитенот на Барселона Андрес Иниеста, кој на крајот на сезоната ќе се пресели во Кина.

„Марка“ пренесува дека легендарниот Французин цели пет минути чекал во тунелот да се појави Иниеста за да го прегрне и да му каже збогум.

Иниеста синоќа го одигра последното Ел Класико и после 22 година на крајот на сезоната ја напушта Барселона.

Навивачите на каталонскиот клуб со овации го испратија капитенот, а пред неколку дена Зидан изјави дека Иниеста е еден од најдобрите фудбалери во историјата.