Антикорупциската комисија денес отвора два нови случаи против премиерот Заев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најавата од претседателката Билјана Ивановска, на денешената седница Комисијата за спречување на корупција на денешната седница ќе отвори два случаи против премиерот Зоран Заев.

Претседателката на Антикорупциска во синоќешното гостување на Топ Тема на телевизија Телма ова го најави меѓу преостанатите неколку нови случаи за кои ќе биде запознаена јавноста.

„На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот „Глобал“, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста“ – рече Ивановска.

Комисијата ќе работи по две точки од кои една – постапување по предмети од областа за спречување на корупцијата и другата – постапување по предмети за можен сѕдир на интереси.