Антикорупциска отвора случај: Антикорупционерите ќе го „чешлаат“ Рашковски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Комисијата за спречување на корупција ќе го разгледува случајот за избор на оператор за нов радарски систем во кој е вмешан генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Од комисијата потврдија дека ќе проверуваат дали Рашковски се вмешал во изборот на оператор кој треба да постави нов радарски систем на скопскиот аеродром, пренесува Сител. Од антикорупциска не откриваат дали постапуваат по пријава или на сопствена иницијатива.

И додека институциите проверуваат дали Генералниот секретар на Владата излегол надвор од своите надлежности и го прекршил законот, премиерот Заев е убеден дека Рашковски не договарал провизии. Вели, тоа не се правело така

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски се најде среде скандал откако во јавноста беше објавен снимен разговор кој индицира дека тој надвор од законот го договарал тендерот за набавка на радарската опрема за скопскиот аеродром и дека наводно барал провизија од 15%. На истата снимка тој упатува и навреди кон ромите и Италија. Рашковски на прес конференција во вторникот се извини за навредите и демантираше дека на било каков начин го прекршил законот.