Антикорупциска комисија ги прифати претставките од Андонов против Спасовски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Антикорупциската комисија побара од Основното јавно обвинителство Скопје да отвори истрага против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за незаконско распоредување и унапредување на вработени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори, што според комисијата, е кршење на членот 8-а од Изборниот законик на РМ.

Комисијата денеска оваа одлука ја донесе на јавна седница, едногласно, откако претставка на Спасовски му поднел дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов.
Известителот за овој предмет Фарие Алиу, ги прочита наводите на Андонов во претставката против Спасовски, дека на унапредените началници во МВР, Спасовски им ја зголемил и платата, па затоа констатираше дека:

Со ова се предвидени вонредни трошоци и исплати од буџетските средства, се работи за одлуки на Спасовски по распишување на предвремените парламентарни избори и не е почитувано мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Набрзина помина и одлуката на Комисијата Обвинителството на Марко Зврлевски да отвори истрага и за користење на јавни ресурси од Јавното комунално претпријатие во Куманово, чии возила биле користени за транспорт на партиски материјал за опозицискиот СДСМ.

Според претседателот на Антикорупциска, Јован Тантуровски, претставката што ја поднеле пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поткрепена со фотографии и видео-снимки, е основана. Комисијата изгласа дека надлежното обвинителство треба за овој случај да влезе и во СДСМ, кај градоначалникот од СДСМ на Куманово Зоран Дамјановски и кај директорот на кумановското комунално претпријатие.