Антикорупциска ќе го „чешла“ Мицкоски за земјиштето за изградба на хидроцентрали


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Државната комисија за спречувањ на корупција ќе го стави под лупа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе проверува како првиот човек на најголемата опозициска партија се стекнал со државно земјиште од 33.000 квадратни метри и на кое добил концесија да гради хидроцентрали.

Антикорупциската комисија ќе проверува како лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски, стигнал до државно земјиште од 33 илјади метри квадратни и како добил концесии за изградба на хидроцентрали. Двата предмети се отворени по допрен глас, односно по прес конференцијата на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов од кој антикорупционерите ги побараа доказите со кои располага.

Освен тоа, антикорупционерите ќе го проверат и вработувањето на Назим Хани во ЕЛЕМ, син на заменик генералниот секретар на Влада Тахир Хани бидејчи според нив има сериозни индиции за непотизам.

Комисијата ги отфрли петте претставки поднесени од ВМРО ДПМНЕ за Јавното комунално претпријатие Гази Баба и градоначалникот на општината околу злоупотреби на возила и канцеларии за промоција на кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски. Утврди дека нема прекршувања на Изборниот законик ни кај градоначалниците на Кисела Вода и Шуто Оризари. Отфрлен е и приговорот за скопскиот градоначалник Птер Шилегов дека најавил градежни активности за време на изборен процес.

Шилегов пред антикорупционерите тврдеше дека приговорот на ВМРО ДПМНЕ е манипулација.

Но од претставките кои не стигна да ги разгледа претходниот состав на Антикорупција, актуелните членови утврдија непотизам кај поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ. Поранешниот секретар на влада Кирил Божиновски влијаел при вработувањето на сопругата Кристина Божиновска во АЕК во 2009та. Во АЕК и екс амбасадорорт во Брисел Андреј Лепавцов во 2011 си ја вработил сесттрата Драгица Лепавцова. Сегашниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев во 2008ма влијаел при вработувањето на неговиот татко во ЦУК. А пратеникот Антонио Милошоски им помогнал во вработувањето на братучедите Јелица Милошоска и Станко Коруновски во ЈП Водовод и канализација и Централниот регистар.

Антикорупционерите утврдија и дека екс претседателката на Уставен суд Елена Гошева си ги вработила ќерките Билјана Гошева и Слободанка Гиевска во АЕК и Телеком во 2009та.

Но за овие случаи Антикорупциска не може да покрене постапка бидејќи се застарени, а намерата е како што велат да се види како се работело со цел да се подобрат законските регулативи.