Антикорупциска едногласно: Разрешувањето на Зврлевски би било незаконско!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комисијата за спречување на корупција вчера одржа седница на која членовите се произнеле по барањето за мислење од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Звлевски, е спротивно на член 8 од Изборниот законик со кој по распишување на избори се забранува вработување или отпуштање во државни институции. Комисијата едногласно одлучила дека разрешување на функционер е спротивно на законот.

-Одлуката е во контект на претходно донесените одлуки. Како и за претходните изборни циклуси ние одлучивме дека не треба да има ниту именувања ниту разрешувања по распишување на изборите. Тоа беше мислење во четири или пет изборни циклуси, на тоа мислење остануваме и овој пат – велат од Антикорупциска за „Фокус“.

Мислењето на Комисијата е доставено до Собранието. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак, неколку пати нагласи дека мислењето на Комисијата не е релевантно за расправата на Собранието.

-Јас немам намера како претседател на Собранието да се обраќам на каков било друг орган кој ќе кажува како јас треба да работам, кога тоа јасно го кажува Деловникот и Уставот. Антикорупциска е дел од извршната власт и таа неможе да дава препораки на законодавната власт. Ако имате дилема, може да побарате автентично толкување на законот – истакна Џафери за време на седниците.

Извор: Фокус