Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Активистичката група позната како Анонимус удри врз администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и наводно на интернет ги објавила телефонските броеви на персоналот на Белата куќа.
Покрај ова, Анонимус повика на бојкот и санкции против Соединетите Држави, пренесуваат агенциите. Наводните броеви на телефоните тие ги објавија на специјален сајт наречен Линија за коментирање на Белата куќа.
Отворената комуникација е столбот на добрата демократија, се истакнува на сајтот.
Анонимус повикаа и на акции против Трамп и бараат да се воведат забрани за патување на граѓаните на САД, како и да се бојкотираат американските производи.
Тие на Јутјуб простираа и снимка во која истакнуваат дека Трамп не го интересираат меѓународното право, човековите права или пристојноста.
Како граѓани на светот мора да се обединиме против тиранијата без оглед на тоа каде се појавува и мораме да ја оспориме, истакнуваат хакерите. Тие ја повикуваат меѓународната заедница без оглед на заднината и идеологиите да се обедини во меѓународен бојкот против САД се додека не се стави крај на режимот на Трамп.
Ова не е напад против вас, туку цврста и неопходна акција против подемот на тиранијата над вас, истакнуваат Анонимус обраќајќи им се на американските граѓани.
Хакерите од Американците бараат да се ослободат од режимот на Трамп со барање за импичмент на претседателот и истакнуваат дека протестите не се доволни за Трамп да падне.
Одземете го својот труд од џебовите на тираните, нарушете ги пазарите на кои се толку горди и земете ја во свои раце власта со изградба на општество и масовна соработка. Заборавете на она Да ја направиме Америка повторно голема, денес можеме да го направиме човештвото повторно големо, истакнуваат Анонимус.
Видеото завршува со пораката Тирани од светот очекувајте не.