Анонимуси објавија дека ја хакирале страницата на руската разузнавачка служба ФСБ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Анонимуси синоќа објавија дека хакирале неколку руски сајтови во борбата против инвазијата на Путин на Украина, а меѓу нив се и страниците на руската разузнавачка служба ФСБ (наследник на КГБ) како и страниците на руската влада.

Тие го објавија ова на Твитер користејќи го воениот термин „Танго надолу“, додавајќи дека хакирале уште две страници, аналитички центар на руската влада и Министерството за спорт.

Тие објавија и наводна приватна кореспонденција меѓу Путин и неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгуи за плановите за сечење на украинските шуми.

Да потсетиме, Анонимуси ја отфрлија војната на Путин на самиот почеток на неговата инвазија на Украина, а пред неколку дена објавија порака специјално дизајнирана да допре до руските граѓани, наводно, повикувајќи ги да застанат против Путин и да го тргнат од власт.

„Анонимусите официјално се во сајбер војна против руската влада“, објавија тие на Твитер на 25 февруари.