Анкета: Скоро половина од Американците го поддржуваат Трамп за имигрантите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Околу 49 проценти од Американците го одобруваат извршниот указ кој го потпиша претседателот Доналд Трамп за заострување на имиграциската политика, пренесе ТАСС, повикувајќи се на анкетата на центарот за социолошки истражувања Ипсос и Ројтерс.

Анкетата покажува дека 49 проценти од испитаниците во целост или делумно ги поддржуваат одлуките на Трамп, 41 отсто во одреден степен или воопшто не се согласуваат со него, а 10 проценти немаат став.

Само една третина (31 отсто) од испитаниците изјавиле дека забраната за пристап во САД на граѓани од седум муслимански земји ги прави да се чувствуваат побезбедни. За 26 отсто забраната ги тера да се чувствуваат понесигурни. Според 33 проценти од анкетираните нема разлика, а останатите немаат мислење, покажува анкетата.

Истражувањето е спроведено на 30 и 31 јануари во сите 50 држави и со него се опфатени 1.201 лице.