Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според направената анкета од страна на бизнис порталот Фактор.мк, која се базираше на одговори на едноставното прашање: „Дали сте доволно информирани за да формирате личен став во врска со референдумот?“, од досега дадените одговори на прашањето најголем процент од анкетираните (81%) одговорија дека се информирани во врска со референдумот, и дека имаат доволно информации за да изградат сопствен став по ова прашање.
Само 10% од анкетираните покажаа индиферентност по ова прашање, сметајќи дека темата не ги интересира.
Од Фактор.мк изјавуваат дека високиот процент на луѓе кои имаат сопствен став, е резултат на инволвираноста на граѓаните во општествените случувања во земјава. Дека тие не се рамнодушни по референдумското прашање, дека имаат став кој го имаат изградено по сопствено убедување, и врз основа на информациите кои ги имаат. Во целиот овој процес чувство на сигурност и доверба обезбедува ДИК државната изборна комисија, која ги спроведе сите неопходни активности со цел да се обезбеди фер и демократки процес на изјаснување по ова прашање.
Од ДИК потенцираат дека гласањето е слободно и тајно, право на глас има секој полнолетен државјанин на Република Македонија што е запишан во избирачкиот список.