Анимираната двојничка на Лејди Гага


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неодамна, на социјалните мрежи, славната Лејди Гага објави мистериозен клип на кој ја претстави својата фиктивна анимирана двојничка, пренесува The Verge.

Станува збор за таканаречен киборг со долга руса коса и способност за летање низ вселената, инаку анимиран лик кој неодоливо потсетува на Гага.

Треба да се истакне дека Гага не е единствената поп уметница која ги поврза технолошката револуционерна прогресија и концертите во живо. Дрејк во август оваа година, на своите настапи користеше дронови, а некои американски и јужнокорејски пејачи настапуваа заедно со фиктивниот к-поп состав League of Legends.

Исто така, за време на нејзиниот последен концерт кој го одржа во петокот, Лејди Гага на сцената настапуваше со гигатнски робот.