Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вицепремиерот за европски прашања, Кочо Анѓушев, најави дека ќе се повлече од политичките води после најавените предвремени парламентарни избори закажани за април 2020 година.
Премиерот Заев, прашан за став за ваквата одлука на Анѓушев, истакна дека ќе разбере ако Анѓушев сака да се посвети на своите компании.
„Анѓушев е повикан да биде дел од владата како претставник на коморите за овој мандат. Тој е сопственик на големи фирми, кои вработуваат над 1.000 лица и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на нив. Дружејќи се со него видов дека добивката му е намалена за 50 отсто и тој е неопходен таму. Ќе разговараме и со него секако ако граѓаните ни ја дадат честа и правото за нова влада на претстојните избори“, кажа Заев.