Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вицепремиерот Кочо Анѓушев кој со фамозниот потег со фломастерот крена голема медиумска прашина кај нас, упати извинување до новинарите за неговиот гест.
Три дена по инцидентот со новинарите на кој вицепремиерот Кочо Анѓушев со фрлање фломастер ги обвини новинарите дека претерале, денеска излезе со став дека погрешно бил разбран. На прашањето дали ќе се извини за постапката, тој кажа дека искрено жали што бил сфатен погрешно, но директно не се извини на новинарите за неговата постапка.
„На завршување на тој настан јас од висина го испуштив фломастерот на најблиската маса и длабоко и искрено жалам доколку некој тоа го сфатил на подруг начин. Нити ми беше идеата тоа да го направам и да биде така сватено, ниту пак така и постапив. Новинарите секогаш биле доб редојдени и во мојот кабинет. Јас не сум одбил да учествувам на ниту една емисија, да одговорам на ниту едно новинарско прашњање, ве молам судете по постапките. Јас искрено одговорив каква беше таа псотапка, но ве молам судете и по резултатите. Длабоко ве молам судете и по резултатите“, рече Анѓушев.