Анѓушев: Постигнат е договор со машиновозачите, возовите веќе сообраќаат


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од полноќ возовите во Македонија веќе сообраќаат. На вчерашниот состанок на машиновозачите со вицепремиерот Кочо Анѓушев и министрерот за транспорт и врски Горан Сугаревски со Синдикатот на машиновозачите постигнат е договор.

Дел од барањата на машиновозачите се легитимни, ги разбравме нивните проблеми што ги имаат. Направивме длабоки разговори со нив, ги разбравме малку пошироко проблемите со кои се сретнуваат во своето работење во извршувањето на своите работни задачи. Мислам дека постигнавме солиден договор, не само сега, туку и во иднина да имаме отворен разговор со сите синдикати вклучително и со Синдикатот на машиновозачите, да ги решаваме и разбираме проблемите кои што ги имаат, изјави вицепремиерот за економнски прашања по вчерашните разговори со Синдикатот на машиновозачите.

Тој најави дека ќе отворат поширока дискусија за решавање на сите проблеми без разлика на кој оддел во работничкиот сектор се.

Според Анѓушев, договорени се прашањата околу платите на машиновозачите, а ќе продолжат разговорите за условите за работа, за ХТЗ опремата…

Претпријтаијата кои се во сопственост на државата и кои работат со загуби, претпоставувам дека сите ќе разберат дека не постои магионичарско стапче со кое што може преку ноќ да се направат профитабилни. Но мислам дека сите тие претпријатија ќе бидат предмет на сериозна анализа, за некои веќе имаме сознанија и идеи што да се направат, зборувам генерално не само за железницата. За некои допрва треба да видиме во каква состојба се наоѓаат бидејќи можете да претпоставите дека за неколку дена не бевме во состојба сѐ да видиме. Но, она што можам да го гарантирам дека ќе имаме позитивен пристап према сите јавни претпријатија, односно претпријатија во државна сопственост и од истите ќе се обидеме да направиме профитабилни фирми. Се разбира тоа нема да биде секогаш лесно, но ќе дискутираме за сите претпријатија едно по едно. Што се однесува до железници, мислам дека многу е битно да се обезбеди колку што може повеќе работа за нив, односно македонските компании колку што можат повеќе да возат преку Македонски железници, секако и МЖ треба да се прилагодат да бидат конкурентни во своите цени на останатите видови на транспорт, рече Анѓушев и додаде дека има размислувања и за либерализација на пазарот на железничкиот сообраќај.

Инфраструктурата би останала државна, пругата, шините, целата сообраќајна инфраструктура останува како што е и денеска, но може да се случи да има повеќе оператори за транспорт кои ќе имаат свои возила односно изнајмени возови и ќе сообраќаат со цел да се создаде конкуренција. Но нормално тука ќе се внимава и за државниот интерес, односно за интересот на транспорт, т.е. на претпријатиeто Транспорт, вели вицепремиерот.

Министерот Сугарески за изградбата на автопатот Кичево за Охрид вели дека има проблеми во однос на експропријацијата за што набрзо ќе биде информирана и јавноста.