Home Спорт Англиските гиганти се ’тепаат’ за 13-годишното „чудо од дете“

Англиските гиганти се ’тепаат’ за 13-годишното „чудо од дете“

Карамако Дембеле има само 13 години, а веќе покажува извонредни фудбалски вештини и се наметнува кај постарите категории во младинската академија на Селтик.

Дембеле неодамна дебитираше за У-20 тимот на Селтик во натпреварот со Хартс и така стана најмладиот дебитант во историјата на клубот.

Ова 13-годишно „чудо од дете“ веќе се најде на радарот на големите англиски клубови, пред се Челзи и Манчестер Сити.

Дури и Ајакс се вклучи во битката за неговиот потпис и се надева дека Дембеле ќе го избере токму холандскиот клуб поради репутацијата која ја има нивната младинска школа.

Сепак, Селтик сака да го задржи по секоја цена, тој е во клубот од својата десетта година, и шкотскиот гигант смета дека е иднината на клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…