Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Криштоф Пјонтек минатата сезона беше сензација во Серија А и во јануари направи трансфер во Милан за 35 милиони евра од Џенова.
Полскиот репрезентативец се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но оваа сезона едноставно се вклопи во сивилото на Милан.
Сепак, неговите квалитети се неспорни, па неколку европски гиганти ја следат ситуацијата, а најконкретен е Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетн напаѓач во јануари, а Пјонтек наводно е најголема желба на Солскјер.
Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ спремил понуда од 50 милиони евра и смета дека таа сума ќе ги задоволи апетитите на „росонерите“.