Англиската легенда удри по Арсенал: Безрбетници, вие сте срам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан во последно време игра одлично, а еден од најзаслужните за добрите резултати е младиот дефанзивец Алесио Ромањоли.

Ромањоли оваа сезона игра фантастично во тандем со Бонучи, а за тоа говори и фактот што „росонерите“ имаат примено само еден гол на последните седум натпревари.

23-годишниот дефанзивец ги собра сите пофалби од критиката, а „Газета дело Спорт“ веќе неколку натпревари со ред му дава највисока оцена.

Денес еминентниот медиум Ромањоли го нарече идниот столб на Милан и италијанската репрезентација.

Ромањоли е на радарот на многу европски гиганти, но генералнот директор на Милан, Марко Фасоне денес потврди дека клубот почнал преговори за нов договор на дефанзивецот.

„Започнавме преговори за нов договор. Алесио е иднината на Милан, игра фантастично и во следните недели ќе треба да го дефинираме договорот“. Изјави фасоне.