Англија на нозе: Дали играчот на Кардиф намерно му помогна на Ливерпул!? (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вчера победија на гостувањето во Кардиф со 2:0 и така го продолжија борбата за титулата во Премиер лигата.

Клубот од „Енфилд“ вчера со доста мака дојде до победа и тоа најмногу благодарение на дефанзивецот на Кардиф Шон Морисон.

Имено, Морисон при резултат 1:0 за Ливерпул имаше неверојатна шанса да го израмни резултатот, но на никого не му е јасно како успеа да ја промаши празната мрежа од само неколку метра.

Очајната игра Морисон ја заокружи пред самиот крај на натпреварот кога направи пенал над Салах. Пеналот го изведе Милнер и погоди за 2:0, што на крајот беше и конечен резултат.

Лошата игра на Морисон денес е главна тема во англиските медиуми кои тврдат дека тој имал голема „причина“ за лошата игра.

Имено, медиумите сметаат дека Морисон намерно му помогнал на Ливерпул во победата, а како доказ ја земаат неговата неодамнешна изјава.

„Би сакал Ливерпул да ја освои титулата. Тоа би бил фантастичен успех за клубот и целиот град. Тоа е многу славен клуб со историја. Ќе им биде тешко да го запрат Манчестер Сити, но ќе се борат до самиот крај, сигурен сум во тоа“, изјави неодамна Морисон.