Англичаните зачудени од српската транскрипција на имињата од фудбалерите на Манчестер Јунајтед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вчера потешко од очекувањата го победи Партизан во Белград, пренесува Спортски.мк

Англичаните запишаа минимална победа од 0:1, а единствениот гол за гостите беше дело на Марсијал.

За гостите од Англија чудна ситуација имаше и пред почетокот на натпреварот. Имено тие не се навикнати имињата на фудбалерите да бидат напишани онака како што се изговораат: Џонс (Jones), Рохо (Rojo), Мек Томинај (МcTominay)…

Вака изгледаше списокот на играчи на семафорот пред почетокот, а на Островот оваа фотографија се пренесува со наслови како: Никогаш претходно не сте виделе вакви имиња на играчите на Манчестер Јунајтед.