Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот работен ден на британските пабови после неколкумесечната стагнација со работата и ставање под клуч заради коронавирус пандемијата, за локалите донесе рекордна заработувачка.
Во понеделникот, на првиот ден од отворањето, количината на испиени пиво и вино беше за 113 проценти повисока отколку истиот ден во предпандемијата 2019 година.
Рестораните исто така пријавуваат зголемување на бројот на нарачки за 150 проценти, а на многу места тие се резервирани со недели однапред, иако работат само на терасите, а во Англија сè уште е ладно.
Велика Британија има 41.100 ресторани и пабови, се проценува дека 40 проценти од нив имаат доволно отворен простор за да можат да организираат работа под сегашните услови, кога угостителската индустрија има дозвола да работи со гости само на отворено.
Во следниот чекор на олеснување на мерките, закажан за 17 мај, треба да се отворат други пабови и ресторани, со оглед на тоа дека тогаш ќе биде можно да работат и затворени делови од ресторанот.