Англичаните прават револуција – воведуваат ново фудалско правило!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) планира од следната сезона да испроба правило за привремено исклучување на натпревари, а тоа би требао да се тестира најпрво во пониските лиги.

Привременото исклучување би се однесувало само при добивање жолт картон поради приговор или бурна реакција на играч на одлука на судија, а играчот ќе го напушти теренот на 10 минути. Правилото ќе биде тестирано и на натпревари на млади машки и женски екипи.

Асоцијацијата во викендот повика повеќе од илјада клубови да одговорат дали сакаат да учествуваат во тој пилот проект. Клубовите воглавно се казнуваат со 10 фунти за секој жолт картон, но ФА нема да наплаќа за клубови што ќе одлучат да учествуваат во проектот.