Ангеловски: Против Шпанија ќе играме со 3-5-2 формација!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонските фудбалски репрезентативци денес ги започнаа подготвките за квалификацискиот натпревар против Шпанија, кој ќе се одигра на 12-ти ноември во Гранада.

Селекторот Ангеловски за мечот со Шпанија повика 21 фудбалер, од кои осуммина се играчи на селекцијата до 21 година, која минатиот месец избори пласман на Европското првенство.

„Шпанија не го менува стилот на игра, тој е заснован на начинот на кој се работи во двата најголеми клуба Реал и Барселона. Таа техничко-тактичка супериорност ја пренесуваат и во репрезентацијата. За мене Шпанија е меѓу четирите најдобри светски селекции, светски и европски првак, но против секого може да се игра. Треба само да го дадеме максимумот. Јас никогаш не велам дека ‘нема што да загубиме’, ова е натпревар од кој може многу да добиеме. Без разлика како ќе се одвиваат настаните на теренот посакувам мојот тим да одигра одважно, да верува во себе“, изјави Ангеловски за „Макфакс“ и потврди дека ќе игра со 3-5-2 формација.

„Начинот на кој игра Италија мора да ни биде показател како да се стремиме да се одвиваат настаните на тој натпревар и да се надеваме дека ќе ни донесе убави моменти. Италија со години е најголем проблем за Шпанија, и на првиот меч за око шпанската игра беше доминантна, но тој натпревар заврши 1-1. Една од причините поради која се одлучив да играме 3-5-2 е Италија, во група во која се тие мораш да играш во систем доколку сакаш да бидеш рамноправен. Значи доколку сакаш да направиш нешто против Шпанија треба да се игра тој систем, бидејќи тие тешко играат против тој систем“, заклучи селекторот.