Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар со Лихтенштајн на 24 март и пријателскиот со Белорусија четири дена покасно.
Ангеловски за дуелите со Лихтенштајн и Белорусија нема да може да смета на Барди и Спировски, кои се повредени, а поради жолти картони дуелот со Лихтенштајн ќе го пропушти Алиоски. Нови имиња на списокот се Иван Тричковски и Музафер Ејупи.
„Ние можеби сме фаворити, иако во денешниот фудбал не постојат апсолутни фаворити, сите се подготвени и сите знаат да играат. Сепак, не бегаме од фаворитската улога и мислам дека многу поголем противник од Лихтенштајн ќе ни биде нашиот менталитет. Работиме на тоа, се подготвуваме на секој план и сигурен сум дека како и на претходните натпревари ќе дадеме максимум од нашите можности, ќе прикажеме добра игра, но овој пат и ќе ги освоиме првите три бода. Сепак во никој случај не смееме да го потцениме противникот“, изјави Ангеловски.
Голмани: Димитриевски (Химнастик, Шпанија), Гачевски (Вардар), Алексовски (Вардар)
Одбрана: Ристовски (Ријека, Хрватска), Бејтулаи (Шкендија), Шиков (Работнички), Велковски (Вардар), Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар), Ристевски (Вашаш, Унгарија)
Среден ред: Хасани (Шкендија), Трајчевски (Работнички), Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Радески (Шкендија), Николов (Вардар), Бабунски (Јокохама, Јапонија), Трајковски (Палермо, Италија)
Напад: Несторовски (Палермо, Италија), Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Пандев (Џенова, Италија), Ејупи (Осијек, Хрватска), Ибраими (Шкендија).