Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски за дуелот со Норвешка на големо изненадување го повика и младиот играч на Унтерахинг, Анес Османоски.
Македонските фудбалери денеска го имаа првиот собир пред почетокот на подготовките за дуелот со Норвешка, а новото име во сениорскиот тим е 17-годишниот Османоски.
„Пред нас е меч со Норвешка и веднаш да кажам дека од првиот список имаме проблеми. Дефинитивно отпаднаа Ѓорѓев и Дориев додека Мислиу и Ристевски ќе бидат со нас, но ќе чекаме ден-два за да видиме дали ќе може да настапат. Ситуацијата со Несторовски е позната. Од тие причини решив да ги повикам Марковски и Османовски. Праксата да го повикуваме младите играчи продолжува. Османовски е фудбалер кој има одлични квалитети. Во зависност од другите повреди ќе одлучиме дали ќе има нови играчи“, изјави Ангеловски.
Првиот тренинг репрезентативците ќе се одработат денес од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.