Ангеловски: Без кукање, мораме добро да ги завршиме квалификациите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна за припремите последните два квалификациски меча во циклусот за ЕП 2020.

Селекторот Ангеловски ќе има проблеми при составување на тимот, бидејќи за овие натпревари отпаднаа Езџан Алиоски и Иван Тричковски поради повреди.

Сепак, Ангеловски истакна дека „кукањето“ не е дел од неговиот карактер и најави дека репрезентацијата ќе биде на ниво.

„Јас многупати сум кажал дека не се жалам, ниту кукам, иако имаме многу проблеми. Се надевам дека со тие фудбалери што ги имаме ќе го извадиме максимумот и ќе до дадеме најдоброто од себе против фаворит како Австрија. Сакам со добри настапи да ги завршиме овие квалификации, во кои одигравме многу добри мечеви“, истакна селекторот.

„Мотиви за настап во националниот дрес секогаш се максимални. Австрија е фаворит, но ние сакаме да ги заокружиме квалификациите со добри игри, а воедно и да се подготвиме за она што не очекува во март, дуелот со Косово во Лигата на нации“, додаде Ангеловски.