Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува поумерено закрепнување на македонската економија во наредниот двегодишен период, а за проекцијата за БДП за годинава вели дека е ревидирана на минус 4,9 проценти.
„Со оглед на вториот бран на пандемијата, заздравувањето на економијата ќе биде побавно од очекуваното. Надежите и во светот се во вакцината, која доаѓа порано од тоа што се очекуваше”, рече гувернерката.
„Станува збор за најголема криза во светот по големата депресија. Само 26 земји ќе имаат мала стапка на раст. Кризата многу брзо се прелеа во реалниот сектор. Мерките воведени поради кризата доведоа до пад во економско – финансиските движења, но потоа дојде и до процес на стабилизирање поради интервенциите на централните банки”, рече на денешната прес-конференција гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Таа нагласи дека светската криза има последици врз македонската. Во однос на странската побарувачка, очекувањата се дека за 6,3 проценти во однос на минатата година ќе биде намалена побарувачката на македонски производи и услуги. Послаби се очекувањата, рече таа, поради намалена побарувачка од земјите главни увозници, а како најголема од нив е Германија.
„Генерално очекуваме поумерено закрепнување во наредниот двегодишен период. Очекуваме поекспанззивна финансиска политика поради здравствените мерки. Капацитетите ориентирани кон извоз очекуваме во наредниот период да дадат поголем придонес кон закрепнувањето. Затоа правиме надолна ревизија на проекциите”, рече гувернерката.
Таа се осврна и на претходните проекции на централната банка.
„За 2020 проектираме пад на економската активност за 4,9 наспроти проекцијата од април за 3,5 проценти. На среден рок проектираме стпаки на раст од 3,9 отсто, 3,4 отсто до 4 проценти до 2022. Очекуваме во 2022 година да се дојде до стапката на раст од пред овој кризен период предизвикан од пандемијата”, рече гувернерката.
Надежите во светот за побрзо опоравување на економијата се во вакцината која доаѓа порано од тоа што се очекувааше, имајќи ги предвид глобалните научни напори да се најде вакцина против ковид-19, рече гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.