Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со официјалното стапување на Анита Ангеловска-Бежоска на функцијата Гувернер на НБРМ, Република Македонија ја доби првата дама гувернерка која ќе треба да ја управува Централната банка.
Анита Ангеловска Бежоска доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија и според Иванов е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.
Ангеловска-Бежоска има деветнаесет години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии.