Ангели на развратот и блудот: Пеколните сестри кои спиеја со 100 мажи уапсени за уцена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сестрите Јоти и Киран Матхаро од Торонто на Инстаграм стекнаа слава со своите разголени фотографии, а дополнително, во име на популарноста им „помогна“ и контроверзниот начин на заработувачка со водење на озогласена веб страница, преку која уценувале политичари, тајкуни, богаташи и спортисти.

Но, и на нивниот аздис му дојде крајот. Пеколните сестри се уапсени заради уцена. Двете беа приведени во Нигерија под обвинение дека преку сајт ги уценувале богаташите и барале од нив огромни суми. Со поддршка од уште еден Нигериец тие управувале со сајтот на кој со лаги и измислици ги компромитирале африкански милионери. Со уцените преку страницата веројатно ги финансирале своите снобовски активности.

Јоти и Киран Матхаро признале дека имале секс со 100 богати Нигеријци. Но, на нивниот луксузен и развратен живот дошло крај откако налетале на погрешниот нигерискиот богаташ Феми Отедоло.

„Дај ни пари или твојата сопруга ќе дознае дека ја изневеруваш“ – стоело во пораката упатена до милијардерот.

Но, проблемот во целата приказна бил што Отедоло воопшто немал швалерка. Човекот отишол во полиција, го пријавил случајот, а следењето на телефонскиот повик ја однел полицијата до хотелска соба на гламурозните сестри Матхаро.

Сестрите биле притворени во Лагос, а подоцна се пуштени на слобода со кауција. Властите ги теретат за малтретирање на дури 247, главно богати луѓе.