Ангела Мојсовска со сребрен медал на „Кроација Опен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каратистката на Макпетрол, Ангела Мојсовска го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција на силниот меѓународен турнир „Кроација опен“ викендов во Ријека.

Мојсовска до медалот стигна со три победи и еден пораз. Таа во првото коло ја совлада Деси Рубини од Италија со резултат 6-1, потоа во второто коло ја победи Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1 и во полуфиналето беше подобра од Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето Ангела загуби од домашната натпреварувачка Хрватската стандардна репрезентативка, Ивана Бебек со резултат 1-3.

Мојсовска се натпреваруваше и во конкуренција на помлади сениори У21, во истата категорија -68 кг. Во оваа конкуренција таа се бореше директно за бронзениот медал, но не успеа да го освои и беше петто пласирана.
Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски задоволен од резултатот на Мојсовска.

„На овој турнир Мојсовска покажа добра подготвеност и голема зрелост, таа имаше осум борби и успеа да освои сребрен медал во сениорска конкуренција иако е јуниорка. Поради тоа јас сум многу задоволен од нејзиниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на светското првенство во Шпанија“, истакна Заборски.

Покрај Мојсовска, Давид Петков (-60 кг, Металург) освои сребрен медал во сениорска конкуренција додека сребрен медал освои и Филип Несторовски (-76 кг, Металург) во јуниорска конкуренција.