Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот прв човек на македонското Собрание, Стојан Андов, не отстапува од ставовите кои ги има изнесено во неговата нова книга и стои зад секоја напишана реченица од истата, тврдејќи дека сето тоа се фатки.
Поранешниот претседател на собранието на република Македонија Стојан рече дека стои зад се што напишал во неговата книга која ја брануваше јавноста особено по тврдењето дека организатори на атентатот на Киро Глигоров се поранешните функционери Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски.
Тој прво одби да каже што напишал во книгата, а потоа за колумната на Фрчковски за порталот Либертас во која тој му одговара за обвинувањата, Андов рече дека не чита колумни на Фрчковски, а ги отфрли и обвинувањата на Мане Јаковлевски кој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ на дека токму тој е еден од виновниците за атентатот на Киро Глигоров.
Откако му беше прочитан дел од колумната напишана од Фрчковски, Андов се премисли, па рече дека Фрчковски како министер за внатрешни е одговорен што не е расветлено убиството.
Инаку Фрчковски во негов стил деновиве му одговори на Андов
„Во време на атентатот на Киро, за тој трауматичен момент за нацијата и сите нас, посебно оние кои беа блиски до него – Стојан беше скандалозна невкусна, драма. Него само го памтиме како влетувач во кабинетот и фотелјата на Киро, следниот саат после атентатот кога сите бевме во шок и растрчани по болници и како разговара со Милошевиќ, а овој му нудел помош околу атентатот. Целата конструкција и злоупотреба со оваа траума за нацијата Стојан ја насочува на лични освети и импутирања сомнеж и конспирации. Во таа смисла, тоа е монструозен безобѕирен гест, независно каква амбиција стои зад тоа“, напиша Фрчковски.