Home Шоубизнис Анџелина Џоли откри како сакала да го спаси бракот со Бред Пит

Анџелина Џоли откри како сакала да го спаси бракот со Бред Пит

Во разговорот за емисијата Холивуд Репоертер, актерката Анџелина Џоли признава дека се обидела да го спаси бракот со Бред Пит со улогите на заедничкиот филм „By the Sea“.

Анџелина го напиша, глумеше и го режираше филмот, а тоа беше нивни втор заеднички филм.

Првиот заеднички филм им беше „Mr. and Mrs. Smith“ од 2005 година. Тоа го симболизираше почетокот на нивната врска, додека вториот филм стана симбол на крајот. Анџелина признава дека другиот проект го смислила за да оствари комуникација со сопругот.

„Се запознавме на заеднички проект и добро функциониравме заедно. Посакав нешто повторно да работиме заедно, мислев дека тоа ќе биде добар начин за комуникација. На некој начин тоа и се оствари, научивме многу работи“ вели Анџелина.

Во филмот „By the Sea“ главни актери се партнерите кои 14 години беа во брак, а истите тие се оддалечија поради проблеми со комуникацијата, интимата и плодноста.

„Тоа беше нешто со кое се боревме. Драго ми е што направив филм бидејќи заедно ги истраживме некои работи. Иако не се решија нашите проблеми, успеавме да разговараме за работите кои ни беа цел“ вели актерката.

Набрзо после филмот, парот се разведе, а од бракот имаат шест деца на возраст од 9 до 16 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

„Роди си дете“ – кога ќе го слушнам тоа… Милена Ќераниќ со кнедла во грлото ја отвори душата за мајчинството

Милена Ќераниќ посакува мајчинство, но не по секоја цена Пејачката Милена Ќераниќ е познат…