Анчелоти носи две „бомбастични“ засилувања: Еве како ќе изгледа новиот Наполи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе е јасно дека нов тренер на Наполи ќе биде Карло Анчелоти. Трофејниот италијански стратег синоќа го договори сите детали со претесдателот на Наполитанците, Аурелио де Лаурентис.

Вчера во Рим Анчелоти имаше состанок со Де Лаурентис и беше договорена двегодишна соработка „тешка“ 13 милиони евра, односно 6,5 милиони по сезона.

Вечерва Карло треба да пристигне во Неапол и да стави потпис на договорот, откако претходно Наполи ќе го раскине договорот со Маурицио Сари.

На состанокот синоќа двете страни разговарале и за летните засилување, а италијанските медиуми ги открија најголемите желби на Анчелоти.

Искусниот тренер дал зелено светло за заминување на Хамшик, притоа се сложил со продажбата на Жоржињо за кого Манчестер Сити нуди 50 милиони евра.

Анчелоти бара да останат најдобрите во тимот, Кулибали, Инсиње, Албиол, Каљехон, Милик, Мертенс и да биде доведен квалитетен голман.

Двете најголеми желби на Анчелоти се Артуро Видал и Карим Бензема и добил ветување дека клубот ќе направи се за да му ги исполни желбите. Чилеанецот е на излезна врата од Баерн, а италијансикот клуб е спремен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.

Притоа, италијанските медиуми тврдат дека ѕвездата на Милан, Сусо веќе постигнал договор со клубот и Наполи наскоро ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.